Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

t

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма која во минатото ДПМНЕ ја обвинуваше за коруптивни тендери. Токму за оваа компанија, додека беше во опозиција, ДПМНЕ обзнани скандал дека МВР на Оливер Спасовски незаконски доделило исти ваков тендер, иако компанијата не ги исполнувала критериумите.

За оваа компанија, ДПМНЕ на пресови обвинуваше дека поради блискоста со поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров од СДС, „Дон Холдинг” добива тендери од Оливер Спасовски и повикуваше обвинителството да отвори постапка. Наместо МВР под Панче Тошковски да ги истражи скандалозно доделените тендери од СДС на оваа компанија, сега сведочиме дека неговото министерство повторно ги склучува истите сомнителни тендери со „Дон Холдинг”.

Како истата компанија која била обвинувана од ДПМНЕ за криминоген скандал и блиска до СДС, сега е подобна за Тошковски да ѝ додели тендер од 575.000 евра? Наместо расчистување на криминалите на СДС и ДУИ, фирмите кои добивале тендери од претходната власт, продолжуваат да бидат бизнис-партнери и на новата влада на Мицкоски.

Истиот случај како со криминалниот проект на „Бехтел и Енка”, чии закони Левица ги блокираше, а сега сведочиме како владата на ДПМНЕ го зацементира овој проект, без да поведе никаква ревизија како што најавуваше. Наместо расветлување на криминалите од минатото, ДПМНЕ ги продолжува контроверзните зделки на СДС и ДУИ, овој пат директно од министерството на Тошковски. Левица јавно го прашува Тошковски: дали е политичко лешинарење делење тендери на компанија за која неговата партија обзнанувала криминални скандали и барало истрага за истите?!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…