Тошковски: Длабока почит и сочувство до семејствата на загинатите кај Карпалак – Вашите синови се херои
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска им оддаде почит на загинатите во масакрот кај Карпалак.
– Со огромна тага и длабока почит, денеска (08.08.2024) на Карпалак се сеќаваме на загубата на десетте македонски синови – Сашо, Нане, Бранко, Марко, Ердован, Љубе, Дарко, Беби, Горан и Пеце, кои ја дадоа и најголемата од сите можни жртви – својот живот за татковината.
Тие пред 23 години се одзваа на повикот на татковината да ја бранат кога беше нападната и затоа од овде кажуваме дека никогаш нема да бидат заборавени. Нашата должност е и кон идните генерации, кон иднината… Но за да можеме да го направиме тоа, мораме да ги почитуваме и одбележуваме жртвите направени во минатото кои ја овозможиле таа иднина да се случи и да ја живееме.
Секој конфликт, секоја криза, секоја дестабилизација покажува дека мирот, стабилноста и безбедноста се основни постулати кои мора да се обезбедат за да имаме прогрес и напредок во општеството. Полициските службеници како и војниците се оние чија примарна задача е обезбедување на стабилност и безбедност за сите свои граѓани.
И денес, кога секојдневно тие се борат со пожарите можеме да речеме дека е долг и заветот кон своите колеги – херои кои тука пред 23 години ги дадоа животите во одбрана на истата цел – обезбедување мир, стабилност и безбедност, за сите свои граѓани, за својата татковина. Изразувам длабока почит и сочувство и кон нивните семејства и велам дека Вашите синови се херои кои вечно ќе ги паметиме.
Никогаш нема да ги заборавиме и засекогаш ќе им бидеме благодарни! – напиша Тошковски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
ПОВТОРНО Е ИСКРШЕНА СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА КАРПАЛАК!
Вчера се навршија 23 години од масакрот…
Тошковски: Длабока почит и сочувство до семејствата…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска…