Објавено на:

Тошковски за убиството во Штип: Полицијата делуваше ефикасно

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Штип присуствува на Меѓународното годишно собрание на ИПА Македонија. Во однос на убиството во штипскиот кафе-бар, Тошковски информирапе дека полицијата имала ефикасна реакција по добиената пријава и додаде дека во тек е сослушување на сведоците кои биле присутни при пукањето.

-Сметам дека сето она што треба да се презема од наша страна се презема и дека Министерството за внатрешни работи и гледам една ефикасна реакција од страна на МВР и во врска со овој конкретен кривично правен настан. Колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан- вели министерот.

Прашан за истрагата за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, тој информираше дека се уште се собираат докази и МВР постапува по насоки на Јавното обвинителство.

-Во овој момент истрагата се уште трае се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство, штом има нови моменти јавноста од страна на Јавното обвинителство ќе биде запознаена за сите оние чекори коишто ќе следат во иднина- вели Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…