Тошковски зборува за „нови лица“ и „борба против корупција“, а неговиот советник беше осуден па ослободен за „местење на тендери“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција во одговор на новинарски прашања истакна дека истрагата ќе се ослободела од корумпирани лица, односно се води од некорумпирани нови ликови.
Додека Тошковски зборуваше за нови лица, зад него стоеше Оливер Деркоски, поранешен претседател на Државната изборна комисија, а актуелен советник на министерот Панче Тошковски.
Деркоски инаку беше осуден во прв степен за две спорни јавни набавки, една за софтверот што беше купен за парламентарните избори одржани на 15 јули 2020 година, а другата е за набавените телевизори на кои требаше да се прикажуваат резултатите од изборите.
Покрај Деркоски, ослободени од обвинение беа и тројцата вработени во ДИК и еден управител на економски оператор кои се товареа дека извршиле „злоупотреба на службена положба и овластување“ при спроведување на две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот за 1 312 409 денари или околу 21 илјада евра.
Основниот кривичен суд во Скопје во прв степен донесе осудителна пресуда, по што Апелација го врати предметот на повторно судење, а Основниот суд донесе ослободителна пресуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…
Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…