Тошковски не планира да се повлече: „Оставка“ не ги менува фактите
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес јавно реагираше на новите напади од СДСМ, истакнувајќи дека очајот на опозицијата не може да се сокрие со барања за неговата оставка.
„Во последните денови сме сведоци на уште еден бран од очајни, неосновани и политички мотивирани напади кон мене. Разбирам дека очајот е голем кога секоја нова анкета им ја топи поддршката побрзо отколку што тие измислуваат нови лаги. Но оваа хистерија не е политичка дебата, туку очај маскиран во соопштение“, напиша Тошковски на својот Фејсбук профил.
Тој потенцира дека веќе повеќе од една година прес-центарот на СДСМ секојдневно повторува „Оставка за Тошковски!“, без разлика на темата, од безбедност и животна средина до парно и други прашања, што според него е показател за недостаток на аргументи и обид за создавање скандали.
Министерот нагласи дека опозицијата дури и вистински настани, како инцидентот со пукање во Куманово, ги користи како повод за политичка хистерија, пред да заврши увидот и пред да се објават првичните наоди.
Тошковски ги потенцираше и резултатите од својата работа:
Покренати кривични постапки против корумпирани судии и обвинители.
Расчистување на 14 криминални банди поврзани со дрога, трговија со луѓе и тешки убиства.
Апсење на членови на терористички ќелии.
Поднесени кривични пријави против поранешен министер за култура, директори на државни институции и поранешни градоначалници.
„Очигледно не им пречи начинот на кој работам, туку резултатите. МВР конечно не е алатка за теснопартиски и бизнис интереси, туку инструмент за спроведување на законот“, истакна министерот.
Тошковски додаде дека нема намера да поднесе оставка и дека додека опозицијата се занимава со „спинови и конструкции“, тој ќе продолжи со решавање на проблемите и расчистување на нередот оставен од претходната власт.
„За вас политиката е шоу, за нас е одговорност. Тоа е разликата помеѓу власт што руши и генерација што гради. На локалните избори, граѓаните ќе кажат кој работел, а кој само ширел паника и хистерија“, заклучи Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски не планира да се повлече: „Оставка“…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес…
Викендот носи изненадување: Снег на повеќе места…
Викендов времето во Македонија ќе донесе изненадување…
Бугарија донесе нова одлука што директно ја…
Бугарската влада донесе важна одлука која може…
Филипче со порака до Мицкоски: Македонија не…
Вечерва од Гевгелија имам една порака за…
Италија повикува на прекин на сите војни…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…