Тошковски положи цвеќе на спомен обележјето на загинатиот припадник на македонската полиција Игор Драганов

t

Денеска со положување на цвеќе на спомен обележјето се сеќаваме на ликот и делото на загинатиот припадник на македонската полиција Игор Драганов. На денешен ден Игор, херој на македонската полиција пред 17 години при извршување на работни задачи во близина на Танушевци го положува својот живот за татковината чувајќи ја безбедноста и сигурноста на Македонија и македонските граѓани, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук профил.

Делата на хероите како Игор никогаш нема да ги заборавиме и наш аманет е тие да останат во нашата меморија, а нивната храброст и жртва да бидат инспирација за следните генерации. Долгот кон хероите на Македонија, како што е Игор Драганов ќе го враќаме со тоа што ќе се стремиме да бидеме подобри граѓани, кои ќе изградат подобро општество и силна татковина – наследство кое ќе го предадеме на идните генерации, со спомен на хероите кои го жртвуваа она највредното за нашата слобода, потенцира во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски положи цвеќе на спомен обележјето на…

Денеска со положување на цвеќе на спомен…

Досега гласаа 25 милиони Американци на изборите…

Демократката Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп…

Уапсен е раперот Таско, бил вмешан во…

Вчера од страна на полицијата бил уапсен…

Гаши загрижен за Украина: Ова не е,…

Особена чест што сум денеска тука, заедно…

(Видео) Шокантна снимка од помилуваниот шеф на…

Жестоки реакции од опозицијата предизвика празничното помилување…