Тошковски: Сакав да дадам оставка поради Пулс, ама ме разубеди таткото на загинатиот полицаец
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека секунди го делеле да си даде оставка од морални причини по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но дека го разубедил таткото на полицаецот од Радовиш кој загина во кобната вечер.
– Јас размислував во тој период да дадам оставка и бев многу блиску да го сторам тоа од морални причини. Но кога бев на погребот на полицискиот службеник кој загина во онаа ужасна несреќа која ја имавме, ми пристапи таткото на истиот и пред повеќе од 2-3000 луѓе, едно десетина секунди откако го спуштија телото на неговиот син во земја, ми порача дека ме прати од кога сум започнал со оваа функција, и дека ме гледа дека се кршам морално, но најголема грешка која и би ја направил на Македонија би било да се повлечам, дека тоа би било најлесно да го сторам, но и најпогубно за Македонија во тој момент, и дека очекува од мене максимално професионално и максимално посветено да се посветам во овој период во расчистување како на тој случај така и на сите останати криминали кои ја разораа државата изминативе 30 години.
Така да, тоа беше иницијалниот момент зошто во тој момент одлучив така како што одлучив, рече Тошковски во денешното интервју за РСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Сакав да дадам оставка поради Пулс,…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…
Жељазков и Шекеринска: Бугарија има активната улога…
Бугарија има активната улога во европската и…
Лафчиски: Директна воена закана за државата нема,…
Безбедносната состојба во земјава и регионот е…
Мицкоски: Економијата е меѓу петте во Европа,…
„Нашата економија во вториот квартал забележа реален…
Ѕвездено небо на плоштадот во Штип за…
На 16 септември кога навршуваат шест месеци…