Тошковски ќе го награди полицискиот службеник кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден од ножот кој таа го држела во раката.
„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност.
Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамки на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување.“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски уште еднаш го нагласи фактот дека вистинска сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски ќе го награди полицискиот службеник кој…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по…
Хеликоптер на МВР исфрли над 35 тони…
Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи Бел…
Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска…
Во собраниска процедура е ставен невиден и…
Сообраќајка во Тетово: Почина 68-годишен велосипедист
Во полицијата било пријавено дека вчера во…
Пет странски државјанки затекнати во локал покрај…
СВР Тетово информира дека ноќеска во 03.50…