Трагедија во Бугарија: Девојче почина за време на предавање во училиште
Ученичка од англиската гимназија во Бургас починала на час, пренесуваат бугарските медиуми.
Трагедијата се случила откако на девојката ѝ се слошило за време на часот, објаснува БНР.
На детето му се слошило во училницата. Интервенирало медицинско лице кое ја освестило девојката. Но, после тоа и покрај интервенцијата на повиканата екипа на „Брза помош“, девојчето повторно изгубило свест, објаснуваат од раководството на образовната установа.
На местото на настанот била повикана екипа за реанимација која интервенирала, но девојчето починало. Трагедијата е голема, коментираат и од училиштето.
Соучениците на девојчето се во шок, а наставата е прекината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…