Трагедија во Валандово: Млад маж пронајден мртов во зграда во изградба
Во полицијата синоќа околу 19:30 часот било пријавено дека во подрумски простории во зграда во изградба на улица „Маршал Тито” во Валандово бил пронајден починат Д.М.(37).
Според информацијата од СВР Струмица, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Од првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство, а најверојатно причина за смртта е пад од повисок дел на зградата во изградба.
Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, освен дека по извршената обдукција ќе се знаат причините смртта на валандовчанецот.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
(Фото) Уште хермелини да донесеа – Запленети…
Запленети возила повторно се паркирани пред полициската…