Објавено на:

Трагедија во Прилеп: Маж почина откако бил прободен од бик

t

На 29.07.2022 околу 13.20 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во Прилеп, во близина на Хлорната станица на ЈП „Водовод”, спроти новите гробишта, од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт кај К.Ј.(75) од Прилеп, чие што тело се наоѓало во патничко возило „матиз“, со прилепски регистарски ознаки.

Од страна на увидна екипа од Полициска станица Прилеп извршен е увид, а при разговор со В.Ј. (50) од Прилеп, син на починатиот, тој кажал дека откако добил повик од З.Н. дека нешто не е во ред со неговиот татко, се упатил кон место викано „Стопанство-Чопела“, каде што неговиот татко напасувал добиток и го забележал како лежи на ливадата без знаци на живот, најверојатно од напад на бик. Заедно со роднината Р.Б. го ставиле телото во возилото и на пат кон градот, пред влезот на Хлорната станица, ја пресретнале екипата на Итната медицинска помош Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…

„Ви укажавме кои се, а не сте…

Ние тука родителите не сме правници, соопштението…

(Фото) Уште хермелини да донесеа – Запленети…

Запленети возила повторно се паркирани пред полициската…