Трагедија во Струга: Се удави човек кај автокампот “Ас”
Давеник попладнево е пронајден без знаци на живот во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас” кај Струга, јавува МИА.
Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека се работи за 66-годишен човек, а телото било забележано од капачите на плажата.
Според првичните информации, на телото на починатиот немало траги на насилство. Била повикана екипа на струшката Итна помош, но лекарите само ја констатирале смртта.
Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител и медицински тим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брука: Деца и родители се тепале во…
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог…
Поништена е акредитацијата на факултетот за здравствени…
Одборот за акредитација на високото образование на…
Маж од Неготино се удави во Охридското…
На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во…
Почина првиот човек во светот кој доби…
Ричард Слејман (62) беше подложен на трансплантација…
Се расправале, нападнале вработен и оштетиле возила:…
На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во…