Објавено на:

Трагедија во фудбалскиот свет: Почина шпанската фудбалска легенда

t

Легендарниот шпански фудбалер, Луис Суарез, почина на 89-годишна возраст, по кратко боледување.

Суарез е еден од најдобрите Шпанци на фудбалските терени досега.

Остави голема трага играјќи за Барселона и Интер, а во 1960 година ја освои престижната награда Златна топка оставајќи го зад себе Ференц Пушкаш.

Кариерата ја започна во Депортиво од Ла Коруња, а потоа настапуваше за Депортиво Кондал, клуб од Барселона.

Тој пристигна во Барселона во 1955 година и остана во следните шест сезони, пред да се пресели во Интер каде што остана девет години.

Кариерата ја заврши како фудбалер на Сампдорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ