Објавено на:

Трагедија во Чикаго: Многу повредени, неколку жртви во престрелка за време на парадата за независноста на САД

t

Престрелка се случила за време на парадата по повод Денот на независноста во градот Хајленд Парк во предградието на Чикаго (Илиноис), има жртви, пренесува Фокс њуз.


Според каналот, пукањето се случило веднаш по почетокот на годишната поворка по повод националниот празник. Очевидци јавуваат за многу истрели, според еден од нив – се слушнале дваесетина истрели.

Медиумите јавуваат за ранети, можно е да има загинати, официјална статистика засега нема.

Според телевизискиот канал WGN9, извор близок до органите на прогонот јавува дека непознатото лице кое отворило оган и понатаму е во бегство.


Според други извори, осомничениот можеби се забарикадирал во еден од локалните ресторани. Информацијата се уште не е потврдена. На местото на инцидентот се присутни повеќе од стотина полицајци, јавува ТВ каналот.


Полицијата и спасувачите се на местото на инцидентот. Канцеларијата на окружниот шериф на социјалните мрежи ги замолува жителите на градот да се воздржат од посета на местото на парадата, и помага на локалната полиција.
Чикаго е еден од најопасните градови во САД, со оружени инциденти кои редовно се случуваат. Така само изминатиот викенд во него се евидентирани 54 случаи на пукање, чии жртви биле седум лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца тинејџери убиени пред училиште во Чикаго

Двајца тинејџери во Чикаго им подлегнале на…

ПРЕСТРЕЛКА меѓу косовската полиција и жители на…

Косовската полиција соопшти дека утрово имала вооружен…

По државата Мичиген и градот Чикаго го…

И градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон го…

Стана секојдневие: Ново пукање во Чикаго, едно…

Едно лице загина, а најмалку 20 се…

Македонскиот државјанин е во добра состојба, случајно…

Македонскиот државјнанин кој вчера вечерта беше ранет…