Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум члена од семејството, самите ги пронашле телата
Заменик-министерката за човекови права и бегалци на БиХ, Душка Јуришиќ денеска беше во Долна Јабланица, местото кое најмногу настрада во поплавите и свлечиштата во БиХ. Бројот на загинати во невидената трагедија се искачи на 18.
„Брачниот пар Имамовиќ од Долна Јабланица помина низ пекол. Стравот од поплавата, која носеше огромни количества камења, беше заменет со неверување, бидејќи куќите на неговата сестра и брат беа избришани од лицето на земјата. Во само еден моментот изгубиле осум члена од семејството.
Тие не можат да се соземат од шокот, особено што и самите учествувале во потрагата под урнатините и ги пронашле безживотните тела на своите најблиски. На мене и Мија Карамехиќ Абазовиќ ни беше судено првата средба со преживеаните жители на Долна Јабланица да биде со оваа брачна двојка, која претрпе најтешки загуби“, објави Јуришиќ на социјалните мрежи.
Во меѓувреме, продолжува потрагата по исчезнатите. Според податоците, се трага по 15 лица кои изчезнаа во поплавите. Најтешко е во Јабланица, исчезнати се цели семејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Шпанија спасена жена која три дена…
Жената која три дена била заробена во…
Над 200 загинати досега во поплавите во…
Бројот на загинати во поплавите што ја…
Реал Мадрид донира еден милион евра за…
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој…
Трагедија: Бројот на жртвите од поплавите во…
Бројот на загинати од силните поплави во…
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…