Објавено на:

ТРАГЕДИЈА: Дете од Македонија загина во Албанија, пет лица повредени

t

Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила во Албанија животот го загубило осумгодишно дете од Македонија, а пет лица се повредени.

-Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил марка „голф” со гостиварски регистарски таблички управуван од македонската државјанка Т.Б. кој се движел од Елбасан кон Пеќин и автомобил управуван од А.Х. жител на албанскиот град Каваја, пренесуваат медиумите.

Повикувајќи се на полициски извори медиумите објавуваат дека Т.Б. изгубила контрола врз возилото, удрила во другото возило и завршило на браниците на патот.

Во несреќата со повреди се здобила мајката на починатото дете Т.Б. и нејзината 11- годишна ќерка, како и А.Х. и две лица кои биле во неговиот автомобил. Транспортирани се во регионалната болница во Елбасан и според последните информации се вон животна опасност.

Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодена брзина на движење на автомобилот со македонски ознаки. Според медиумите местото каде што се случила несреќата е една од неколкуте црни точки на оваа делница. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…