Трагедија на ГАК: Родилка почина неколку часа по царски рез

t

34-годишна родилка почина викендов на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

Според информациите на „Слободен печат“, пациентката родена 1991 година починала во саботата, само неколку часа по извршената оперативна интервенција со царски рез.

Од Министерството за здравство ја потврдија смртта на родилката и информираа за преземените првични чекори односно дека случајот веќе е под лупа на Комисијата за квалитет во рамките на болницата, која денеска го разгледувала текот на лекувањето и операцијата.

Надлежните најавија дека детални информации за причините за смртта и наодите од комисијата ќе бидат споделени со јавноста во текот на утрешниот ден.

Засега нема официјални информации за состојбата на новороденчето, ниту за евентуални претходни компликации кај мајката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија на ГАК: Родилка почина неколку часа…

34-годишна родилка почина викендов на Универзитетската клиника…

Како конфликтот во Иран може да го…

Ескалацијата на конфликтот во Иран веќе ги…

MНР СО АПЕЛ: Не патувајте на Блискиот…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

Нови детали за трагедијата во Карпош!

Попладнево во скопската населба Карпош, жена на…

Црвениот крст исплати 11,2 милиони денари на…

Црвениот крст на Македонија на 27 февруари…