Објавено на:

Трагедија: Се преврте автобус кој се враќал од свадба, има загинати

t

Најмалку 10 лица загинаа денеска, а 11 се повредени при превртување на автобус во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, објави веб-страницата на полицијата на Нов Јужен Велс.
Повредените со хеликоптери и амбулантни возила се пренесени во болница, а 18 патници не се повредени.
Несреќата се случила во близина на градот Грета, на околу 180 километри северно од Сиднеј.

Возачот на автобусот (58) под полициска придружба бил пренесен во болница за да му биде извршено задолжително тестирање на дрога и проценка на состојбата. Причината за несреќата се уште не е позната.
Австралискиот портал „Nine News“ наведува дека се верува дека автобусот кој ги враќал гостите од свадбата се превртел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во…

Во знак на сочувство и сеќавање на…

Вандали нацртале кукасти крстови на синагога во…

Австралиските власти го осудија вандализмот врз синагога…

Две малолетнички се степале на свадба во…

На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР…

„Српска крвава свадба“: Младоженец со пушка ранил…

Младоженец од српското гратче Тител, во Војводина,…

Кралот Чарлс нема да се противи доколку…

Британскиот крал Чарлс Трети изјави дека нема…