Трагедија: Триесет и пет годишен маж пронајден мртов во опожарениот стан во Хром
Мртвото тело на И.Ј. (35) денеска е пронајдено во опожарениот стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром, соопшти МВР.
Според првичните инфорамции на МВР, пожарот бил пријавен утрово во 9.47 часот во СВР Скопје, а е изгаснат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
– Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со пламен кој излегуваше надвор од прозорците, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна единица Звонко Томески.
На местото биле илезени и екипи на итната медицинска помош, а нема други повредени лица.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
(Фото) Уште хермелини да донесеа – Запленети…
Запленети возила повторно се паркирани пред полициската…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…