Објавено на:

Трагедија ја потресе Македонија: Загина тинејџер во тешка сообраќајка

t

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи рано изутринава (29 јули) околу 01:40 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар. Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 38-годишниот И.М. од селото Балиндол, гостиварско, и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот А.Б. од Гостивар.

Како што соопшти МВР, од здобиените повреди мотоциклистот починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Возачот на автомобилот, И.М., е лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија ја потресе Македонија: Загина тинејџер во…

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се…

Професорот Трајковски: Македонската влада води погубни економски…

Македонската влада води погубни економски политики кои…

ВЛЕН: ДУИ, Левица и Арсовска го разгоруваат…

ВЛЕН алармира против, како што велат, сериозна,…

Црвениот крст Берово апелира за донации за…

Општинската организација на Црвен крст Берово упати…

Пукање имало и ќе има – Тошковски:…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти…