Објавено на:

ТРАГЕДИЈА: 42-годишна мајка на две деца донесена почината во болница во Велес

t

Завчера во велешката болница била донесена почината 42-годишна жена.Телото е на обдукција, а институциите засега без детали, објави тв Телма.

Од полиција ги чекаат официјалните резултати пред да изнесат повеќе детали.

„На 05.07.2023 година, во 16:30 часот, од страна на ЈЗУ Општа Болница – Велес е пријавено дека кај нив е донесено починато лице, Х.Д. (42 години), од село Јаболчиште, Општина Чашка. Истата е донесена на Одделението за неврохирургија. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. Додека не заврши обдукцијата, немаме поконкретни информации за причината на смртта“ – изјавила за Телма, Оливера Трајкова – портпарол на СВР-Велес.

Неофицијално, станува збор за пациентка која и претходно била хоспитализирана во болницата.

Таа, наводно, имала неколку болести, меѓу кои и срцево заболување по второто породување на 39-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРУКА! Книги од едицијата „Рацинови средби“ скапуваат…

БРУКА! Книги од едицијата „Рацинови средби“ скапуваат…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Трагедија: Жена од Македонија загина во тешка…

Во страшна сообраќајка што вчера се случила…

Бебе во тешка здравствена состојба оставено во…

Бебе во тешка здравствена состојба било оставено…

Маж од велешко Бањица каснат од змија,…

Во велешко е регистриран уште еден случај…