Трагична изјава на Јаневска: Министерката за ОБРАЗОВАНИЕ смета дека не мора да се учи граматика на странските јазици, децата си учат од серии

t

Во пресрет на новата учебна година, новата министека за образование, Весна Јаневска направи увид во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во село Булачани. Во оваа прилика таа изјави дека има учебници за сите одделенија, освен учебници за странски јазици. Сепак, за неа ова не е воопшто загрижувачко бидејќи, како што вели, децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.

„Учебници за странски јазици ќе има догодина и нема да има печатен, значи хартиен материјал за јазиците на заедниците, кои ќе бидат објавени на веб-страницата на Бирото за образование, а бидејќи станува збор за јазик, наставниците користејќи ги тие материјали, ќе можат да им предаваат на учениците. Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик – именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, рече Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…

Во новата учебна година се запишале 500…

Конечно – Се воведуваат стручна матура и…

Владата, на денешната седница, утврди текст на…

Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…

Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…