Траги-комедија: Бугарските здруженија пресметаа неверојатни 300.000 Бугари во Македонија па бараат и 2.300 вработувања во администрација!

t

Ако се суди според пресметките на претседателот на Алијанса на македонските Бугари – Движење за национално единство и спас (АМБ-ДНЕС), Драган Цветковски, во Македонија има неверојатни 160.000 Бугари, ама бројката не е конечна бидејќи не се впишани малолетните деца на имателите на двојните државјанства! И според овие бројки, балансерот покажал дека на македонските Бугари им следуваат точно 2.300 вработувања во државната администрација.

Како дојде Цветковски до оваа бројка?

Според него, бугарската заедница на РМ ја сочинуваат Македонски Бугари т.е иматели на двојни државјанства кои се на број околу 120 000 од кои веќе 19.645 се попишани и Македонци со бугарска самосвест, т.е луѓе кои се во постапка за добивање на двојно државјанство, чија што бројка се движи околу 35.000.

Па така неговата пресметка покажува дека бугарската заедница во земјава е околу 160.000, ама и таа не е конечна затоа што во неа ги нема впишано малолетните деца на самите иматели на двојни државјанства.
Цветковски направи пресметка и со податоците од пописот. „Експертски“ тој објаснува дека
графата за етничка припадност останала непополнета од 280.000 лица, а тоа само по себе предизвикувало сомнеж и алудирало на тоа дека овие 280.000 лица се припадници на бугарската заедница во РСМ.

И кога на тоа ги додава веќе евидентираните 19.645 иматели на бугарското државјанство, Цветковски стигнува до бројка од 300.000 македонски Бугари во РМ. Згора на тоа, тој, повторно „експертски“ тврди дека македонските Бугари се родени во РМ од семејства кои во минатото билe бугарски семејства и сите имаат биолошка врска преку своите родители кои и ден денес поседуваат лични документи за бугарска припадност.

И на крајот заклучува дека според бројката, до 2025 година требало да се вработат околу 30.000 македонски Бугари во институциите на РСМ.

А дотогаш според резултатите од пописот односно бројката од 19.645 иматели на двојно државјанство, македонско и бугарско, дошле до бројка од 2.300 вработувања на македонски Бугари во институциите на РМ и тоа пред промена на Уставот, не подоцна од 31.05.2023.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…