Објавено на:

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу згради во Софија, наводниот сопственик не дава да го однесат во Зоолошка

t

Двометарски нилски крокодил живее во јама на 100 метри од станбен блок во квартот „Ботунец“ во главниот град на Бугарија. Големиот граблив рептил со недели се чува во јама со вода и е врзан за да не може да избега.

Вчера вечер дошло до тензија бидејќи луѓето што го чувале рептилот не дозволиле полицијата и службениците од зоолошката градина во Софија да го однесат.

Луѓето од Ботунец пред неколку недели се пожалија кај еколошката инспекција на Софија, но екипата дури денеска излезе на терен по сигналот на градоначалникот на населбата „Кремиковци“.

– Крокодилот беше пронајден пред 2-3 недели по дојава од граѓани и тогаш имотот беше ограден. Сега е апсолутно напуштен и оградата е отстранета, а крокодилот живее така. Постојат сомнежи дека крокодилот не е во сопственост на лицето кое тврди дека е негов сопственик и дека е украден за време на пандемијата – објави БНТ во видео репортажата.

Општината и човекот кој тврди дека е сопственик на рептилот се расправаат и за сопственоста на земјиштето на кое е ископана јамата. Според експертите условите во кои се одгледува нилскиот крокодил се лоши.

„Ниту акумулацијата во која се чува ги исполнува условите, ниту просторот не е обезбеден. На животното мора на друг начин да му се ограничи да го напушти просторот, но не со врзување“, изјави Георги Крастев од Зоолошката градина во Софија.

„Има дупка ископана внатре и базен. Што треба да му одговара на крокодил – сака вода“, вели Виктор Михаилов, кој се претставува како сопственик.

И покрај реакциите, крокодилот ќе живее во зоолошката градина во Софија додека не се утврди кој е вистинскиот сопственик и дали има соодветни услови за негово одгледување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…