Траги-комедија, до каде оди лудилото и глумењето жртва: Костадинов стравувал од ликвидација на Бугари во Македонија

t

Можноста да се дојде до физичка ликвидација на Бугарите во Македонија е се пореална и запрепастувачка. Што ја чека бугарската држава, вака прашал лидерот на бугарската партија „Преродба“ и пратеник Костадин Костадинов во обраќање од говорницата во Бугарското собрание по повод нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков во Охрид.

Костадинов изјавил дека по тепањето, нивниот сонародник отишол во полиција, па бил испратен во болница, пишуваат бугарските медиуми.

-Сите европски институции продолжуваат да замижуваат пред антибугарската кампања во Македонија. За таква Македонија нема место во ЕУ, истакнал Костадинов, објави бугарскиот медиум „24 часа“.

До него и до неговите сопартијци, како што вели, постојано стигнувале информации за заплашени Бугари.

-Последниот пример беше по одбележувањето на 95 години од смртта на Мара Бунева, по што сите присутни Бугари добија закани од локалните граѓани. Бугарија треба да го покрене ова прашање на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на 23 јануари пред Жозеп Борел, рекол Костадинов од собраниската говорница во Софија.

Бугарските медиуми денеска соопштија дека бил претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. Тие ја цитираа објавата на бугарскиот европратеник и член на ГЕРБ, Андреј Ковачев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…