Траги-комедија: Маричиќ вели дека не добиле никаков предлог, се било неофицијална комуникација
Ние не сме добиле официјален предлог. Официјално претставување на документи што не се официјално добиени не може да има. Се беше сведено на неофицијална комуникација, исто како што го сите ние го добивме во одредена точка пред неколку дена и во моментот директно им ги соопштивме нашите забелешки и на претседателот Шарл Мишел и на претседателот Макрон и највисоко ниво премиерот и претседателот на државата со нив и останатите учесници, информира вицепремиерот за еворинтеграции Бојан Маричиќ на Топ тема на Телма.
– Бидејќи не постигнавме согласност ниту за евентуален документ во форма на протокол, ниту пак за овие документи заклучоци, преговарачка рамка, тие го претставија така како што е нецелосен, незавршен, дополни вицепремиерот за евроинтеграции.
Маричиќ порача дека јавноста, аналитичарите, новинарите и коалициските партнери треба да имаат доверба дека Владата и владиниот тим што преговара секогаш се грижи за нашиот интерес.
Имаме, посочи, двоен интерес, од една страна да го сочуваме нашиот идентитет и јазик и сите наши обележја и достоинствено да влеземе во преговорите со ЕУ, и од друга страна имаме интерес да ги почнеме преговорите со ЕУ.
– Ние сметаме дека е логично да се уважи во 21 век на европска нација да и се уважи правото на јазик и тоа е сметаме во овој предлог уважено. Како бугарската страна ќе го изрази својот став еднострано, тоа е прашање на дипломатска техника, но нам ни е важно тоа да не ја обврзува ЕУ и во преговарачката рамка, рече Маричиќ.
Во соработка со нашите партнери, нагласи тој, и од ЕУ и од САД, дојдовме до заклучок дека е најдобро во овие денови кога се случува политичката судбина на Петков и на неговата Влада, не треба да излегуваме во јавност за да не влијаеме на гласањето на довербата на Владата таму или на оценката на предлогот од нивна страна. Во ниту еден момент, дополни, не сме се воздржале да ги кажеме нашите зкалучоци и тоа што го соопштивме вчера го соопштивме на сите нивоа.
Во врска со тоа дали коалициските партнери биле информирани во однос на францускиот предлог вицепремиерот Маричиќ наведе дека имале дискусии за нашите позиции и во минатото и во рамки на партиите и помеѓу коалициските партнери. Истакна дека во преговорите комплетно се држеле до програмата на Владата што ги утврдува рамките за преговарање со Бугарија, Декларацијата изгласана во Собранието и јавното мислење.
Вицепремиерот Маричиќ меѓу другото уште еднаш посочи дека не е спорно внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот и потенцира дека доколку ги отвориме преговорите, ќе имаме аргументи и доволно време во текот на подготовките и во наредните фази да ја завршиме и оваа обврска затоа што не е спорна.
– Но временски, политички како процес кога би го направиле, тоа останува да се договориме. Нам ни е битно да ги започнеме преговорите за тоа да влезе во одреден тек отколку да биде поставено за предуслов за почнување на преговорите, изјави вицепремиерот Маричиќ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…
Европската Унија работи на паралелни реформи во…
Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ од Црна Гора: Време е за…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…
Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…
И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…
Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…