Традицијата продолжи и во мултиетничка Воска, крстот го фати Христијан Митрески
Богојавление-Водици, денот на Христовото крштевање и оваа година традиционално се одбележа во населбата Воска во која нејзините жители од различни религии на најдобар начин го отсликуваат добриот соживот. Помеѓу капачите кои се фрлија во езерските води пред хотелот „Мизо“ најсреќен беше Христијан Митрески, кој трет пат го фаќа крстот, пишува Охрид њуз
Трет пат го фаќам крстот. Се капиме секоја година за овој голем христијански празник. Посакувам здравје пред се на сите, среќа и радост. Како христијански верник големо е значењето за мене што повторно го фатив крстот, вели Митрески.
На 19 јануари на неколку места во Охридското Езеро се врши Богојавленски водосвет и се положува крстот во водите на Охридското Езеро, со тоа се осветува водата. Мноштво народ доаѓа да наполни од таа вода која ја сметаат како вода за исцеление, причестување, за секакви слабости и за здравје пред се, вели отец Љупчо Бакрачески кој го изврши светиот чин.
На овој ден, гледаме колку човекот или православните христијани се сплотени и знаат да бидат другари, пријатели, браќа и сестри, онака како што ни доликува. На овој ден кога Бог ни се јави во три лица отецот, го посведочи својот син викајќи од небото „Ова е мојот возљубен син“, синот или второто лице од светата тројца беше присутен на настанот оној кој што се крштеваше и светиот дух во вид на гулаб ја посведочи целата таа вистина. И така ние признавајќи го Бога во три лица, Отецот и Синот и Светиот дух, се сплотуваме во името на Бога. И тоа треба да го правиме во секој момент од животот, не само за вакви празници, вели отец Бакрачески.
На Богојавленската прослава во населбата Воска присуствуваа голем број граѓани.
Фото Охрид њуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И оваа година браќата Љотевци на Водици…
И оваа година браќата Љотевци (Јован и…
Спасовски: Водици е празник на длабоките вредности…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати…
Путин и годинава влезе во ледена вода…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска по повод…
Никола Јакимоски го фати Чесниот крст во…
Никола Јакимоски од Охрид беше најсреќен и…
21-годишниот Давид Дамјановски го фати осветениот крст…
На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот…