Објавено на:

Трамп: Ако ги изгубам овие избори, нема да се кандидирам во 2028

t

Доналд Трамп во интервју емитувано денес ја исклучи можноста за кандидирање на американските претседателски избори во 2028, во случај на пораз на изборите во ноември. „Не, не се гледам во тоа, не се гледам. Мислам дека ова ќе биде сè“, кажа 78-годишниот кандидат на републиканците во емисијата Фул межр.

Поранешниот американски претседател сепак кажа дека верува во успех на 5 ноември, кога на изборите ќе му се спротивстави кандидатката на демократите Камала Харис.

Од повлекувањето на претседателот Џо Бајден од претседателската трката, исходот на претседателските избори е целосна непознаница. Доналд Трамп и Камала Харис се рамо до рамо во неколку држави кои веројатно ќе бидат пресудни за вкупниот резултат на изборите.

Трамп, кој никогаш не го призна поразот од Бајден во 2020, одби во неколку наврати во последните месеци да се обврзе на безусловно признавање на резултатите од изборите во ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ако ги изгубам овие избори, нема…

Доналд Трамп во интервју емитувано денес ја…

Израел истражува дали лидерот на Хамас –…

Израел истражува дали лидерот на Хамас –…

ЕУ подготвува детален одбранбен план: Губиме време,…

Новиот комесар за одбрана на ЕУ сака…

Иранската револуционерна гарда соопшти дека 12 лица…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека 12…

„Сите би ги отпуштила од работа, административци“,…

„Сите би ги отпуштила од работа, административци“,…