Објавено на:

Трамп: Ако не победам на изборите, Изpаел нема да поcтои

t

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека американските еврејски гласачи ќе бидат делумно виновни доколку тој ги загуби изборите на 5 ноември од потпретседателката Камала Харис, кандидатот на демократите.

За време на Националниот самит на израелско-американскиот совет во Вашингтон, поранешниот претседател се пожали дека заостанува зад Харис меѓу американските Евреи.

Израел најверојатно ќе престане да постои во рок од две години доколку Харис победи на изборите, а Евреите ќе бидат делумно виновни за тој исход, бидејќи тие имаат тенденција да гласаат за демократски, тврди Трамп.

– Ако не победам на овие избори – и еврејскиот народ навистина би имал многу влијание со тоа, затоа што ако 40 проценти, мислам, 60 проценти од луѓето гласаат за непријателот. Израел, според мое мислење, ќе престане да постои во рок од две години“, порача Трамп.

Трамп цитираше анкета која покажа дека Харис има предност од 60 отсто од гласовите меѓу американските Евреи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ако не победам на изборите, Изpаел…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека…

Ѓуриќ: Србија е целосно подготвена за стратешко…

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ…

Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја…

Генералното собрание на ОН денеска со големо…

12 загинaти и над 4.000 повpедени во…

Xезболаx денеска објави дека бројот на 3агинати…

Стејт департмент: САД и Србија потпишаа договор…

Министерот за надворешни работи на Србија Марко…