Објавено на:

Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја преземе контролата над Гренланд

t

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека е „апсолутна неопходност“ САД да го поседуваат Гренланд.
„За националната безбедност и слободата ширум светот, Соединетите Американски Држави сметаат дека поседувањето и контролата на Гренланд е апсолутна неопходност“, напиша Трамп на својата страница Truth Social, коментирајќи ја неговата одлука да назначи нов американски амбасадор во Данска, на која островот ѝ припаѓа.


Тој додаде дека неговиот кандидат за амбасадор во Данска, поранешниот американски амбасадор во Шведска, Кен Хауери, „ќе заврши одлична работа застапувајќи ги интересите на САД“.
Уште во 2019 година, имаше извештаи во медиумите дека Трамп ја разгледува можноста да го купи Гренланд. Подоцна и самиот Трамп потврди дека е заинтересиран за оваа тема „од стратешки причини“. Сепак, властите на Гренланд тогаш изјавија дека островот не е на продажба, додека Данска идејата за продажба ја нарече апсурдна, надевајќи се дека Трамп само се шегува. Поранешниот службеник на американското Министерство за внатрешна безбедност, Мајлс Тејлор, во интервју за МСНБЦ во август 2020 година рече дека Трамп е заинтересиран за можноста да го „замени“ Порторико за Гренланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…