Објавено на:

Трамп бара ФБИ да не ги прегледува документите без надзор

t

Со тужбата се бара ФБИ да не ги прегледува документите запленети на имотот на Трамп без присуство на специјален службеник

Адвокатите на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп во понеделникот побараа од Окружниот суд на САД во Флорида да го спречи Федералното истражно биро (ФБИ) да ги прегледува документите пронајдени во неговиот имот на Флорида, Мар-а-Лаго, сè додека не биде назначен специјален судски службеник за преглед на документите.

Според главниот адвокат на Трамп, Џим Трасти, со тужбата напишана на 27 страници се бара судот да назначи специјален службеник, кој вообичаено е пензиониран адвокат или судија бидејќи ФБИ запленил доверливи материјали во домот на поранешниот претседател и Министерството за правда не треба самостојно да одлучува кои материјали ќе ги користи во својата истрага. Специјалните службеници вообичаено се назначуваат во предмети во кои постои загриженост дека некои докази би можеле да бидат заштитени поради односот „адвокат-клиент“. Во случаите од висок профил, како што беше случај со истрагите против двајца блиски соработници на Трамп, Руди Џулијани и Мајкл Коен, улогата специјален службеник му припадна на пензиониран федерален судија.

Тужбата е поднесена во Окружниот суд на САД во Флорида и со неа се бара од ФБИ и од Министерството за правда да достават детален список на сè што е одземено од домот на Трамп во Мар-а-Лаго, како и да бидат вратени сите запленети предмети што не биле споменати во налогот за претрес.

– Претседателот Доналд Трамп е фаворит на републиканските избори за претседател во 2024 година како и на општите избори во 2024 година, доколку одлучи да се кандидира.

Спроведувањето на законот е „штит“ што треба да ги заштити Американците и не може да се користи како оружје во политички цели. Затоа, бараме судска помош по претресот – стои во тужбата поднесена од адвокатскиот тим на Трамп.

Претставниците на Министерството за правда се обидоа да ја задржат целата документација запечатена, велејќи дека откривањето на кој било дел од неа, ризикува да се загрози истрагата, откривањето информации за сведоците и како и откривањето на истражните техники.

ФБИ на 8 август упадна во домот на Трамп на Флорида и заплени 11 доверливи датотеки за кои Националниот архив на САД и Министерството за правда веруваат дека поранешниот претседател не смеел да ги зеде со себе кога ја напуштил Белата куќа.

Беше објавено дека претресот е извршен според Законот за шпионажа и дел од бараниот материјал е поврзан со нуклеарно оружје.

Весникот „Њујорк тајмс“ во понеделникот објави дека агентите на ФБИ откриле и конфискувале повеќе од 300 документи класифицирани како тајни од Мар-а-Лаго откако Трамп ја напушти функцијата, вклучително и повеќе од 150 преземени документи од Националниот архив во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за…

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека…

Трамп го обвини ФБИ дека ги прогонува…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги предупреди…

Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“

Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата

Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…