Трамп: Ви благодарам, претседателе Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се огласи на својата социјална мрежа Truth Social за да му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, кој се приклучи на светските лидери кои изразија поддршка за мировниот план на Трамп за Газа.
„Ви благодарам, претседателе Путин“, напиша Трамп на Truth Social.
Путин, како што е потсетено, денеска изјави дека Трамп „прави многу за мирот“, посочувајќи го прекинот на огнот на Блискиот Исток како пример. Сепак, додаде дека не е негова работа да одлучува дали американскиот претседател ја заслужува Нобеловата награда за мир.
Рускиот претседател истакна дека доколку мировниот договор за Газа успее, тоа ќе биде „ништо помалку од историски настан“.
Многу аналитичари сметаат дека Путин свесно го пофалил Трамп за да го поттикне неговото его и да охрабри Вашингтон да заземе постапка во војната во Украина што би била поповолна за Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ви благодарам, претседателе Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се огласи…
Добитничка на Нобелова награда за мир: „Ја…
Добитничка на Нобелова награда за мир рече…
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја…
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое…
Николоски: Владата ниже резултати и реформи
На денешниот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и…
ОЈО Скопје бара притвор за лице од…
Основното јавно обвинителство Скопје денло наредба за…