Објавено на:

Трамп во преговори за купување на ТикТок, одлука во следните 30 дена

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека е во разговори со повеќе луѓе за купување на ТикТок и дека најверојатно ќе донесе одлука за иднината на популарната апликација во следните 30 денови.

„Разговарав со многу луѓе за ТикТок и има голем интерес, им рече Трамп на новинарите на Air Force One за време на летот за Флорида.

Претходно во саботата, Ројтерс објави дека две лица запознаени со дискусиите рекле дека администрацијата на Трамп работи на план за спасување на ТикТок што вклучува здружување на софтверската компанија Oracle и група надворешни инвеститори за ефективно да ја преземат контролата врз работењето на апликацијата.

Според договорот за кој преговара Белата куќа, кинескиот сопственик на ТикТок, ByteDance, ќе го задржи уделот во компанијата, но собирањето податоци и ажурирањата на софтверот ќе бидат надгледувани од Oracle.

Сепак, во своите коментари за новинарите за време на летот, Трамп рече дека не разговарал со Лери Елисон од Oracle за купување на апликацијата.

Запрашан дали склучува договор со Oracle и други инвеститори за да го спаси TikTok, Трамп рече: „Не, не со Oracle. Голем број луѓе разговараат со мене, многу важни луѓе, за купување и јас ќе донесам таа одлука веројатно во следните 30 дена. Конгресот даде 90 дена ако можеме да го спасиме TikTok, мислам дека тоа би било добро“.

Трамп претходно рече дека „би сакал Соединетите држави да имаат 50% сопственичка позиција во заедничко вложување“ во TikTok.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ