Трамп го избра Илон Маск да раководи со владиниот оддел за ефикасност
Технолошкиот магнат Илон Маск и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе раководат со најавеното ново министерство за ефикасност на владата на Соединетите Американски Држави (САД), изјави вчера новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, пренесуваат светските медиуми.
И покрај тоа што се нарекува министерство, не станува збор за владина агенција, пишува британски „Гардијан“.
Имено, Трамп изјави дека Маск и Рамасвами ќе бидат надворешни соработници, кои ќе и даваат совети и насоки на Белата куќа и ќе соработуваат со Канцеларијата за управување и буџет за да поттикнат, како што вели новоизбраниот претседател на САД, структурни реформи од големи размери кои треба да создадат претприемачки пристап на владата кој никогаш претходно не бил виден.
Според Трамп, овој потег ќе ги шокира владините системи.
All actions of the Department of Government Efficiency will be posted online for maximum transparency.
Anytime the public thinks we are cutting something important or not cutting something wasteful, just let us know!
We will also have a leaderboard for most insanely dumb… https://t.co/1c0bAlxmY0
— Elon Musk (@elonmusk) November 13, 2024
„Овој двоец ќе го отвори патот за мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали вишокот регулативи, да ги намали расипничките трошоци и да ги преструктуира федералните агенции“, изјави Трамп.
Во објава на неговата платформа Икс, Маск во врска со ова напиша дека ќе ги документира сите активности на одделот онлајн за „максимална транспарентност“.
We will not go gently, @elonmusk. 🇺🇸 https://t.co/sbVka2vTiW
— Vivek Ramaswamy (@VivekGRamaswamy) November 13, 2024
На Икс се огласи и Рамасвами кој одговори на најавата за неговото назначување.
„Нема да одиме нежно“, рече тој означувајќи го Илон Маск и додаде емотикон со американско знаме.
Трамп рече дека нивната работа ќе заврши до 4 јули 2026 година додавајќи дека помала и поефикасна влада ќе биде „подарок“ за земјата на 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност.
Новоизбраниот американски претседател ги објави и дел од имињата кои ќе бидат на функции со неговото седнување во Белата куќа.
Трамп изјави дека ќе го номинира водителот на Фокс њуз, Пит Хегсет, за функцијата министер за одбрана. За него Трамп вели дека е цврст, паметен и вистински верник.
„Со Пит на чело, непријателите на Америка се на повидок. Нашата војска повторно ќе биде одлична, а Америка никогаш нема да отстапи“, рече Трамп.
За нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Трамп рече дека ќе го именува поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција (ДНИ) Џон Ретклиф.
Покрај тоа, Трамп најави дека ќе го назначи инвеститорот и донатор на кампањата Стив Виткоф за свој специјален пратеник за Блискиот Исток, а секретарот на Белата куќа од првиот претседателски мандат на Трамп, Џозеф Мекингли, ќе биде нов советник во Белата куќа.
Трамп претходно најави дека ќе го назначи сенаторот од Флорида, Марко Рубио, за нов државен секретар, а републиканскиот пратеник Мајк Волц за советник за национална безбедност во новата администрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…