Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска одлучи да го назначи Џаред Ајзакмен за шеф на НАСА, а кој е близок соработник на Илон Маск, основачот на СпејсХ, кој тесно соработува со НАСА.
Ајзакмен, пилот и комерцијален астронаут и извршен директор на компанијата за обработка на плаќања „Shift4 Payments“, ја води приватната програма Поларис, што се користи со леталата на СпејсХ за испраќање астронаути во орбитата.
Доколку биде потврдена номинацијата, Ајзакмен ќе го контролира буџетот на НАСА од 25 милијарди долари, фокусиран на враќањето на човекот на Месечината како дел од програмата Артемис, проект вреден повеќе милијарди долари промовиран од Трамп во неговиот прв мандат, а кој во голема мера ќе се потпира на ракетата Старшип на СпејсХ.
Последните двајца директори на НАСА беа поранешни политичари. Првиот беше избор на Трамп, поранешниот конгресмен од Оклахома, Џим Брајденстајн, кој ја започна програмата Артемис и го убеди Конгресот да го зголеми буџетот на агенцијата за да го финансира. Вториот, како избор на Бајден беше поранешниот сенатор од Флорида, Бил Нелсон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…