Објавено на:

Трамп: Да бев претседател, немаше да има такви напади врз Израел

t

„Ова на кое сме сведоци во Израел никогаш немаше да се случи да бев претседател“, изјави Доналд Трамп во врска со последниот напад што се случи на израелска територија.

Според последните информации, дванаесет лица, меѓу кои и деца, загинале во ракетен напад врз фудбалско игралиште на заедницата Друзи во анектираната Голанска Висорамнина, на северот на Израел.

Ова го соопштија израелските власти, обвинувајќи го за нападот либанскиот исламистички Хезболах, кој дејствува под покровителство на Иран. Сепак, Хезболах ги негираше ваквите наводи и објави дека „нема никаква врска со тоа“ и категорично ги отфрла таквите обвинувања.

„Да бев претседател на САД, никогаш немаше да се случи напад како овој. Ќе го повторам она што го кажав претходно, никогаш немаше да се случи ниту нападот на 7 октомври, кога сето тоа започна“, поранешниот американски претседател Доналд рече Трамп кој повторно е во трка за водечка позиција на најсилната светска сила.

Во петокот Трамп се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој најави дека Хезболах скапо ќе плати за овој ракетен напад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36)…

Путин бесен: Ја обвини Украина за „тешка…

Претседателот Владимир Путин ја обвини Украина за…

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Жена во инвалидска количка го подбра Мицкоски:…

Граѓаните реагираат на изјавата на Мицкоски дека…