Трамп: Да не бев јас, Путин ќе ја заземеше цела Украина
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека целта на неговата средба со рускиот колега Владимир Путин утре во Алјаска е да се подготви за можна средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, за која нагласи дека би била поважна.
„Сè што сакам да направам е да „ја поставам масата“ за следната средба, која треба да се одржи многу наскоро. Би сакал тоа да се случи многу брзо“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, според Би-би-си.
Тој додаде дека би сакал евентуалната средба меѓу Путин и Зеленски да се одржи и во Алјаска. Трамп, исто така, рече дека мисли оти Путин и Зеленски ќе „склучат мир“.
„Поважниот состанок ќе биде вториот состанок, ќе имаме состанок со претседателот Путин, претседателот Зеленски, мене, а можеби ќе донесеме и некои од европските лидери, можеби не“, рече Трамп.
На прашањето дали е подготвен да му понуди на Путин пристап до минерали од ретки земји за да се стави крај на војната во Украина, Трамп рече дека неговата средба со Путин утре е „голема, важна средба“ што, на крајот, „ќе спаси многу животи“.
„Ќе откриеме каде се наоѓаме и ќе знам во првите две минути. Ако е лош состанок, ќе заврши многу брзо, а ако е добар состанок, ќе завршиме со мир во прилично блиска иднина“, рече Трамп, објави Танјуг.
Тој повтори дека се среќава со Путин „за да спаси илјадници војници неделно“.
„Ќе видиме што ќе се случи, имаме голем состанок“, рече Трамп, додавајќи дека верува оти состанокот ќе биде од големо значење за Русија и САД бидејќи може да спаси „многу животи“, објави Скај њуз.
На прашањето дали самитот во Алјаска е еден вид „награда за Путин за инвазијата на Украина“, Трамп повтори дека тоа е „ситуација што никогаш не требало да се случи“.
„Не започна под мое водство и за тоа не се дискутираше ниту четири години. Кога си заминав, можев да видам што се случува… сите се виновни, Путин е виновен, сите се виновни“, рече тој.
Трамп додаде дека верува оти доаѓањето на Путин во Алјаска, или поточно во Соединетите Американски Држави, значи дека е подготвен да склучи договор.
„Да не бев претседател, според мене, тој (Путин) ќе ја преземеше цела Украина, но сега јас сум претседател и тој нема да се задева со мене“, рече Трамп.
Трамп и Путин ќе се сретнат утре во Алјаска, најголемата и најоддалечена американска држава, за да разговараат за прекинување на војната во Украина.
Средбата е закажана да се одржи во воената база Елмендорф-Ричардсон, на околу 10 километри од Анкориџ, за која Си-ен-ен објави дека е единствената во Алјаска што ги исполнува безбедносните барања.
Почетокот на самитот, кој многумина го сметаат за историски, е најавен за 11:30 часот по локално време, односно 21:30 часот по централноевропско време, а како што најави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, тој ќе биде целосно координиран и ќе започне со разговор тет-а-тет, по што ќе следи проширен состанок со учество на делегации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Да не бев јас, Путин ќе…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
Русија и Украина повторно разменија воени заробеници
Руската и украинската армија извршија нова размена…
Трамп: Можен е нов самит за Украина,…
Постои голема веројатност за втор самит за…
Во тек е онлајн средба на Трамп…
Според соопштението на француското претседателство, започна онлајн…
Пред состанокот со Путин: Трамп денес на…
Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд…