Објавено на:

Трамп до Иран: Нема преговори, нема понуди

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не му понудил ништо на Иран, со чии лидери тврди дека „воопшто не разговара“.

Трамп ги даде коментарите неколку дена откако предупреди дека нема да се двоуми повторно да го бомбардира Иран доколку продолжат напорите за развој на нуклеарно оружје.

„Не му нудам ништо на Иран, за разлика од поранешниот претседател Барак Обама, кој им даде милијарди долари“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Social truth“ за договорот од 2015 година познат како JCPOA (Заеднички сеопфатен план за акција) потпишан од неколку земји.

„Јас дури и не разговарам со нив, бидејќи целосно ги уништивме нивните нуклеарни објекти“, додаде тој.

САД се придружија на офанзивата на израелскиот сојузник со бомбардирање на три нуклеарни објекти во ноќта меѓу 21 и 22 јуни.

По 12 дена меѓусебни напади, на 24 јуни стапи на сила прекин на огнот, наметнат од Трамп.

Претседателот на САД во петокот предупреди дека неговата земја несомнено ќе изврши понатамошни напади врз Иран ако земјата збогати ураниум до нивото потребно за производство на нуклеарно оружје.

„Дипломатските разговори со Вашингтон можат да продолжат само ако САД ги отфрлат понатамошните напади врз Иран“, изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Маџид Тахт Раванчи, за британската телевизиска мрежа Би-Би-Си во неделата вечерта.

„Слушнавме дека Вашингтон сака да разговара со нас. Не сме се договориле за датум. Не сме се договориле за модалитетите. Бараме одговор на ова прашање: Дали ќе бидеме сведоци на повторени акти на агресија додека водиме дијалог?“, праша иранскиот функционер.

Тој додаде дека САД сè уште не ја разјасниле својата позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп до Иран: Нема преговори, нема понуди

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Нуклеарните капацитети на Иран не се целосно…

Техеран би можел да продолжи со збогатувањето…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…

Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…

Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…

Мосад најави дека ќе продолжи со разузнавачки…

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе…