Објавено на:

Трамп е подготвен да обезбеди „безбедносни гаранции“ за Украина?

t

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери дека е подготвен да обезбеди „безбедносни гаранции“ за Украина, тврди „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Во исто време, „Њујорк тајмс“ пишува дека Трамп им кажал и на лидерите на ЕУ дека признавањето на Донбас од страна на Киев како руски би можело да помогне брзо да се постигне мировен договор.

„Според луѓе запознаени со разговорот, претседателот Трамп им рекол на европските лидери во телефонски разговор од претседателскиот авион дека е поподготвен од кога било САД да обезбедат директни безбедносни гаранции за Украина“, пишува весникот. Во исто време, „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани европски претставници, објави дека Трамп им рекол на европските лидери дека верува оти признавањето на целиот Донбас од страна на Киев како руски би помогнало брзо да се постигне мировен договор.

„Трамп, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петокот, им рече на европските лидери дека поддржува план за завршување на војната во Украина со предавање на неосвоена територија (на Русија), наместо обид за постигнување прекин на огнот. По средбата со Путин, Трамп се откажа од барањето за итно прекин на огнот и верува дека мировен договор може брзо да се постигне ако Зеленски се согласи да го предаде остатокот од Донбас на Русија, дури и оние области што не се окупирани од руските сили“, се вели во статијата. Во статијата, исто така, се забележува дека Киев не разбира зошто Трамп одеднаш се откажа од барањето за прекин на огнот пред почетокот на преговорите.

Весникот наведува дека Зеленски ќе побара појаснување за предлогот на Трамп кога ќе го посети Вашингтон во понеделник. „Њујорк тајмс“ исто така наведува дека Киев, исто така, не разбира какви безбедносни гаранции можат да обезбедат партнерите од НАТО за Украина. По средбата со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска во петокот, Трамп рече дека постигнувањето договор за решение во Украина сега зависи од Володимир Зеленски и европските земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп е подготвен да обезбеди „безбедносни гаранции“…

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на…

Трамп: Да не бев јас, Путин ќе…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Русија и Украина повторно разменија воени заробеници

Руската и украинската армија извршија нова размена…

Трамп: Можен е нов самит за Украина,…

Постои голема веројатност за втор самит за…

Во тек е онлајн средба на Трамп…

Според соопштението на француското претседателство, започна онлајн…