Објавено на:

Трамп е убеден дека бил саботиран во Обединетите нации, бара итна истрага

t

Американскиот претседател Доналд Трамп побара да биде отворена истрага за она што го нарече „тројна саботажа“ за време на неговата посета на Генералното собрание на Обединетите нации во средата.

Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател се осврна на наглото запирање на ескалаторот кога тој и првата дама Меланија Трамп стапнале на него, на дефект на телепромптерот (мониторот од кој се читаат говорите) и на проблем со звучниот систем за време на неговиот говор кој бил исклучително слаб.

Трамп ги критикуваше инцидентите на неговата платформа Трут Соушал (Truth Social) и вели дека испратил писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, барајќи итна истрага.

„Вистински срам се случи вчера во Обединетите нации – не еден, не два, туку три многу злокобни настани. Ова не беше случајност, ова беше тројна саботажа во ОН. Тие треба да се срамат од себе“,напиша тој.

https://truthsocial.com/@realDonaldTrump/115261466629181518

Тој, исто така, повика на приведување на лицата одговорни за инцидентот со ескалаторот, повикувајќи се на статија во „Сандеј тајмс“ во која се вели дека вработените во ОН се шегувале за неговото исклучување.

„Ова беше апсолутно саботажа… Сите безбедносни ленти на ескалаторот треба да се зачуваат, особено копчето за итно сопирање. Вклучена е тајната служба“,додава Трамп.

Мајк Валц, амбасадор на САД во ОН, го повтори повикот на претседателот за официјална истрага, велејќи дека инцидентите се „неприфатливи“.

„Соединетите Американски Држави нема да толерираат закани за нашата безбедност или достоинство на меѓународните форуми. Очекуваме брза соработка и решителна акција“,напиша тој на Икс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп е убеден дека бил саботиран во…

Американскиот претседател Доналд Трамп побара да биде…

ЕУ ќе предложи тарифи за руската нафта…

Воведувањето тарифи за руската нафта ќе им…

Нетанјаху: Признавањето палестинска држава е срамно предавање…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди синоќа…

Од денес важат новите казни: 40 и…

Од денес почнуваат да важат новите измени…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Автоном

Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна…