Објавено на:

Трамп: Запирање на војната, запирање на освојувањето на целата земја, тоа се отстапките кои ги нуди Русија

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека руската согласност да не ја освои цела Украина претставува „прилично голема отстапка“ од Москва, пренесе „Киев Индепендент“.

За време на состанокот во Белата куќа со норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе, новинар го праша Трамп какви отстапки понуди Русија за постигнување мировен договор со Киев.

„Запирање на војната, запирање на освојувањето на целата земја“, одговори Трамп.

Американскиот претседател рече дека е уверен оти наскоро ќе биде постигнат мировен договор.

Трамп изјави и дека САД вршат голем притисок врз Русија да постигне договор, без да наведе детали.

„Немате поим каков притисок вршам… Вршиме голем притисок. Вршиме голем притисок врз Русија, а Русија го знае тоа“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Тој подоцна додаде дека Вашингтон врши притисок и врз Украина да постигне мировен договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…