Трамп: Имав многу добар состанок со Зеленски, сите сакаат војната да заврши
Доналд Трамп, претседателот на САД, денеска изјави дека разговорот со Володимир Зеленски, украинскиот претседател, бил многу добар, дека тоа е тековен процес, дека сите сакаат војната да заврши и дека мора да престане.
Тој на новинарите во Давос, по средбата, на прашањето дали има можност да се постигне договор денес, рече дека ќе видиме што ќе се случи, пренесува Скај њуз.
„Се среќаваме со Русија, тоа ќе се одржи утре, а ќе се сретнеме и со Путин. Имав многу добар состанок со претседателот Зеленски, сите сакаат војната да заврши“, рече тој.
Според него, сè уште има многу што да се направи за да се заврши војната.
„Војната мора да престане. Се надеваме дека ќе престане. Многу луѓе се убиени“, рече Трамп, кој одби да ги открие сите детали од разговорот, според Танјуг.
Тој додаде и дека не разговарал со Зеленски за приклучувањето на Украина кон „Одборот за мир“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Имав многу добар состанок со Зеленски,…
Доналд Трамп, претседателот на САД, денеска изјави…
Орбан: Одам во Давос на покана на…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека…
Зеленски денес во Давос, ќе се обратат…
Претседателот на Украина оди во Давос додека…
Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата…
Добар ден Македонијо, повторно од овде во…
Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа…
Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат…