Објавено на:

Трамп: Индијците сега понудија да ги намалат царините на нула, но предоцна е

t

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Индија понудила да ги намали царините за американската стока на нула. Изјавата на Трамп доаѓа откако индискиот премиер Нарендра Моди јавно покажа солидарност со кинескиот и рускиот лидер, соочен со трговскиот притисок од Вашингтон.

Нарекувајќи ја врската меѓу САД и Индија „едностранa“, Трамп на својата платформа „Тру Соушал“ напиша: „Сега понудија да ги намалат царините на нула, но веќе е доцна. Требаше тоа да го направат пред многу години.“

Индијското амбасадорство во Вашингтон не одговори веднаш на коментарите на Трамп, кои следеа по воведувањето на вкупни царини до 50 проценти на индиска стока, што отвори прашања за иднината на американско-индијските односи.

Трамп го напиша тоа на „Икс“ во моментот кога Моди на самит во Кина се сретна со повеќе од 20 лидери на незападни земји од Шангајската организација за соработка, иницијатива што ја поддржува Кина, а која доби нов замав со глобалната царинска офанзива на Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Индијците сега понудија да ги намалат…

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Индија…

Предложен притвор за тинејџерот кој фрли 100…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Лавров: Западот користи уцени за да спречи…

Западните земји со директна уцена се обидуваат…

Филипче: Образованието е најважната инвестиција, секое дете…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

Автомобил се запалил во Ржаничино, пожарникарите веднаш…

Рано утрово, во полиција било пријавено дека…