Трамп инсистира на резултати во изборната ноќ
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно постави лажни очекувања во врска со пребројувањето на гласовите за американските избори, инсистирајќи на резултат во изборната ноќ, јави ДПА.
Го сакаме одговорот вечерва, рече 78-годишниот кандидат на својот последен митинг во Гранд Рапидс во сојузната држава Мичиген.
Трамп веќе ги разбранува своите поддржувачи во претходните денови со неосновани наводи за изборна измама.
Републиканецот се кандидира против демократката Камала Харис и засега изгледа дека трката ќе биде тесна.
Се смета дека е малку веројатно дека изборниот резултат ќе биде утврден во рок од неколку часа по затворањето на избирачките места. Гласовите по пошта особено го одложуваат процесот на броење во некои држави.
По претседателските избори во 2020 година, Трамп се прогласи себеси за победник во изборната ноќ и повика да се запре броењето на гласовите кога кусо време беше пред неговиот тогашен ривал Џо Бајден.
Тој до ден-денес одбива да ги признае неговиот изборен пораз во 2020 година. Според аналитичарите, постојат стравувања дека Трамп може да ја повтори оваа стратегија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…