Објавено на:

Трамп: Кина целосно го прекрши договорот за царини, толку за тоа да бидам љубезен

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Кина го прекршила договорот за царини со САД.

„Кина, можеби не е изненадувачки, целосно го прекрши договорот со нас. Толку за тоа да бидам љубезен!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

„Пред две недели, Кина беше во сериозна економска опасност! Многу високите царини што ги воведов ѝ направија речиси невозможно на Кина да тргува на пазарот на Соединетите Американски Држави, кој е убедливо најсилниот во светот. Практично ги прекинавме односите со Кина преку ноќ и тоа беше катастрофално за нив. Многу фабрики беа затворени и имаше, благо речено, „граѓански немири“. Видов што се случуваше и не ми се допадна – заради нив, а не заради нас. Брзо склучив ДОГОВОР со Кина за да ги спасам од она што мислев дека ќе биде многу лоша ситуација, а не сакав тоа да се случи. Благодарение на тој договор, сè брзо се стабилизираше и Кина се врати на вообичаениот начин на работа. Сите беа среќни! Тоа е добра вест!!! Лошата вест е дека Кина, можеби не е изненадувачки за некои, ТОТЕЛНО ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО НАС. Толку за тоа да бидам ГОСПОДИН ДОБАР ЧОВЕК“, напиша Трамп на оваа социјална мрежа.

Министер на САД: Преговорите се заглавени

Трговските разговори на САД со Кина се „малку заглавени“ и веројатно ќе бараат директен ангажман меѓу претседателот Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг за да се постигне договор, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент за „Фокс њуз“ во четврток.

Две недели по пробивот во разговорите што резултираше со привремено примирје во трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот, Бесент рече дека напредокот е бавен оттогаш, но додаде дека очекува повеќе разговори во наредните недели.

Договорот меѓу САД и Кина за намалување на троцифрените тарифи за 90 дена ги подигна глобалните берзи.

Но, тој не направи ништо за да се справи со основните причини за тарифите на Трамп за кинеските стоки, главно долгогодишните поплаки на САД кон кинескиот државен, извозно ориентиран економски модел, оставајќи ги тие прашања за идните преговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

САД и Кина започнаа нова рунда трговски…

Кина и САД започнаа нова рунда трговски…

САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…

Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…

Девизните резерви на Кина пораснаа на 3,28…

Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони…