Објавено на:

Трамп „миротворецот“ се откажал од организирање средба Путин – Зеленски?

t

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се откаже од обидите за организирање билатерална средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, објави „Гардијан“ , повикувајќи се на извори во американската администрација.

Според изворите на британскиот весник, Трамп одлучил Москва и Киев сами да ги организираат преговорите лице в лице меѓу претседателите, што, според Трамп, треба да биде следниот чекор кон завршување на војната.

Трамп нема да игра директна улога во организирањето на состанокот, изјавија извори за Гардијан. Според нив, во последните неколку дена, американскиот претседател им кажал на советниците дека има намера да одржи трилатерален самит по состанокот меѓу Путин и Зеленски.

Дали самата средба ќе се одржи без присуство на Трамп, останува нејасно, нагласува „Гардијан“.

Во телефонско интервју со водителот на WABC, Марк Левин, во вторникот, Трамп исто така рече дека смета оти би било подобро Путин и Зеленски прво да се сретнат без негово присуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп „миротворецот“ се откажал од организирање средба…

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се…

До 13 часот, 11 пожари на отворен…

До 13 часот денеска во земјава регистрирани…

Се запалила куќа во Гази Баба –…

Куќа во Гази Баба се запалила во…

Мицкоски: Гласачкото ливче може да биде 8…

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста…

Грчки политичар почина од срцев удар на…

Грчкиот политичар и поранешен пратеник Апостолос Везиропулос…