Трамп: Мојот омилен збор е царина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „царина“ е неговиот омилен збор, објавуваат американските медиуми.
„Би рекол дека мојот омилен збор е „царина“. Ја сакам повеќе од кој било друг збор во речникот“, рече Трамп вчера за време на настан во Пенсилванија, објавува „Њујорк пост“.
Тој додаде дека неговата царинска стратегија „носи стотици милијарди долари“ во САД, според американскиот весник.
Трамп рече дека работниците во челичарницата, особено во Пенсилванија, добиваат подобри резултати благодарение на неговата царинска стратегија.
„Доколку немаше царини, немаше да имате челик. Немаше да имаме челичарници во САД и тоа би било навистина лошо за националната безбедност“, рече Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Мојот омилен збор е царина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „царина“…
САД би можеле да го напуштат НАТО…
Новата стратегија за национална безбедност на САД…
САД одобри продажба на оружје за Данска,…
Американскиот Стејт департмент даде зелено светло за…
Макрон: Единството меѓу Европа и САД е…
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека единството…
САД го прошируваат списокот на земји чии…
САД планираат да го прошират бројот на…