Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера разговарал со рускиот лидер Владимир Путин. Покрај тоа, тој му поставил последен ултиматум на Иран. Според него, Путин му понудил на Трамп помош во решавањето на конфликтот Иран-Израел, но американскиот лидер одговорил „дека тоа може да го направи подоцна“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „многу лоши работи“ што можат да се случат во сегашната ескалација на Блискиот Исток. „Ништо не е готово додека не заврши. Војната е многу комплицирана работа. Многу лоши работи можат да се случат, многу пресврти“, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа. Претседателот на САД го повика Техеран на „безусловна капитулација“. „Тогаш ќе ги дигнеме во воздух сите нуклеарни работи, тие се насекаде“, рече Трамп, без да даде детали.
Тој рече дека Иран наводно има „лоши намери“.
„40 години велат: „Смрт за Америка, смрт за Израел, смрт за секој што не го сакаат. Тие се училишни насилници – но веќе не се“, рече Трамп.
Американскиот претседател нагласи дека постои можност САД да ги нападнат нуклеарните постројки на Иран. „Можеби ќе го направам тоа, можеби и не. Никој не знае што ќе правам“, рече Трамп. Американскиот претседател рече дека му поставил на Иран последен ултиматум. Едноставно кажано, Техеран мора да се предаде. Небото над Иран е целосно под контрола на САД, а самата земја останува „без одбрана“ и без систем за воздушна одбрана. Како што нагласи, не е предоцна за разговори со Иран. Иран е во контакт со САД за евентуално продолжување на разговорите. Иран нема да преговара под притисок и нема да се согласи на мир под притисок, соопшти мисијата на Иран во ОН. Тие ги негираа тврдењата на Трамп дека претставниците на Техеран наводно побарале да ја посетат Белата куќа на разговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…
Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…