Трамп најави нови разговори со Путин во блиска иднина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека наскоро ќе разговара со рускиот лидер Владимир Путин.
Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес Њуз“, изрази незадоволство од продолжувањето на војната меѓу Русија и Украина, опишувајќи го конфликтот како „најтежок досега“.
– Не ме радува касапницата меѓу Русија и Украина, рече Трамп, додавајќи дека ќе продолжи да работи на постигнување мирно решение. Тој изрази фрустрација што не успеал да го запре конфликтот, кој започна со руската инвазија во февруари 2022 година, иако првично очекуваше дека ќе го стори тоа веднаш по стапувањето на функцијата во јануари.
Трамп, исто така, нагласи дека иако дал придонес за надминување на многу војни, конфликтот меѓу Русија и Украина останува особено тежок за решавање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп најави нови разговори со Путин во…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави…
Путин: Доколку се појават странски воени сили…
Русија ќе ги смета сите странски војски…
Путин: За да се обнови економската соработка…
Рускиот претседател Владимир Путин на пленарната сесија…
Зеленски: Добро е што Русија почна да…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска одговори…
Тошковски се сретна со Агелер
Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес…