Трамп: Не ни треба воен конфликт со Русија

t

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за шеф на државата Доналд Трамп изјави дека на САД не им треба воен конфликт со Русија и оти секој глас за неговата противкандидатка Камала Харис е глас за војна со Москва.

Трамп на предизборен митинг во Лас Вегас и на социјалната мрежа Truth Social предупреди и дека „гласањето за Харис е поддршка за враќање на воениот рок во САД“.

-Со гласањето за Камала Харис, вие гласате за војна со Русија. Дали некој сака војна со Русија? Доколку е потребно, ќе го направиме тоа. Но, препорачливо е да се спречи тоа. Гласот за мене е глас за просперитет и мир, наведе Трамп.

Повторно најави дека ќе работи на ставање крај на војната во Украина доколку биде избран за претседател.

Трамп досега повеќепати изјави дека конфликтот во Украина немало да се случи доколку тој бил реизбран за претседател на САД во 2020 година, а доколку се врати во Белата куќа ќе издејствува мир за 24 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Не ни треба воен конфликт со…

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за…

Тешко повреден возач кој се заби во…

Вчеравечер во 22.10 часот во СВР Скопје…

Зеленски го осуди обидот за атентат врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди…

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, еве што…

Денеска, во Министерството за надворешни работи и…

Над 30.000 македонски граѓани лани за прв…

Според последните податоци на Евростат, 30.004 македонски…